Маричиќ: Ги научивме лекциите, македонската иднина е европска

Бојан Маричиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Нов ден, нова надеж, научени лекции и иста цел. Вчерашниот неуспех на ретроградните сили да ја урнат Владата е само дополнителна обврска за нас, да продолжиме во битката за нашата европска иднина, напиша денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на неговиот фејсбук статус.

Од денеска, вели тој, целата енергија ќе ја насочиме кон решавање на проблемите кои ќе ја однесат нашата земја на повисоко ниво, европско ниво, каде придобивките нема да ги ползуваат политичките елити, туку граѓаните.

„Убеден сум дека во тоа ќе успееме. Лекциите од минатото се научени, а македонската иднина е европска и никој не е посилен од таа наша историска цел“, објави Маричиќ на ФБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот