Маричиќ-Шидер: Поддршка за реформите и почетокот на преговорите со ЕУ

Европските интеграции на земјата, владеењето на правото и реформите во правосудството, како и претстојниот попис, биле тема на разговор на денешниот состанок во Брисел на министерот за правда, Бојан Маричиќ со европратеникот и членот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет со ЕУ, Андреас Шидер.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, на Шидер му ја пренел разочараноста во земјата, бидејќи и покрај сите побарани и спроведени реформи сè уште не се почнати преговорите за членство во Европската Унија.

– Сепак, и покрај ова земјата останува посветена на својата европска агенда. Министерот за правда на средбата кажа дека останувањето на проширувањето како еден од приоритетите на португалското претседателство е охрабрувачка и остава можност за придвижување на процесот, се вели во соопштението.

Било разговарано и за потребата за реактивирање на дијалогот Жан Моне кој ќе биде во прилог на зголемување на демократијата и пред се функционалност на Собранието.

Дополнително, како што стои во соопштението, на Шидер му биле претставени сите големи реформи кои ги презема Министерството за правда со цел владеење на правото и враќањето на довербата на граѓаните во правната држава.

Тема на разговорите бил и претстојниот попис, како статистичка операција која во земјата не е спроведена веќе 20 години, за што Маричиќ кажал дека пописот ќе се спроведе по закон и методологија кои добија највисоки оценки од Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот