Маричиќ: Гоце Делчев, апсолутно е Македонец, но би го оставил тоа на историчарите

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук

Гоце Делчев е многу важен дел од нашата историја, еден од симболите на нашата посебност и државност. И мислам дека тоа е важно да се задржи, рече Маричиќ.

Техничкиот преговарач на Македонија со ЕУ , Бојан Маричиќ во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека тој би оставил на историчарите да го решат прашањето за Гоце Делчев.

-Идејата на Договорот не е да доведе во ситуација некоја држава да се откажува од нешто. За да не се дискутира ова на политичко ниво, дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, затоа е создадена Комисијата за историски прашања, каде понаучно ќе се разгледа ова прашање. Јас би оставил на историчарите, да направат доволно добро толкување кое од страна ќе фрли можеби ново светло на некои историски прашања, но и ќе овозомжи секоја од државите да има подеднакво право на тие настани кои ги чуствува како свои. Гоце Делчев е многу важен дел од нашата историја, еден од симболите на нашата посебност и државност. И мислам дека тоа е важно да се задржи. За другите аспекти, дали ќе се вадат некои негови писма… Видете имате личности и во европската историја на коишто полагаат право повеќе дражави. Не би требало тоа да е чудно, смета Маричиќ.

На прашањето дали според него Гоце Делчев е Македонец, Маричиќ одговори: Апсолутно.

-Јуни, октомври и декември би требало да се носат одлуки за проширувањето на ЕУ, ние не очекувавме дека ќе ни се случи оваа пандемија, која ги измести сите од колосег. Имаме чиста одлука за почекот на преговорите и на таа одлука се согласила и Бугарија. Ако некоја држава сака да ве блокира, има начин да го стори тоа и тоа не е спорно- рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот