Мареј: Младите тенисери не можат да ја загрозат големата тројка

epa08701975 Andy Murray of Britain in action against Stan Wawrinka of Switzerland during their men?s first round match during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 27 September 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека играчите од новата генерација се уште не можат да ги загрозат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер во борбата за трофеите на грен слем турнирите.

Ѓоковиќ изминатиот викенд по деветти пат триумфира на Австралија Опен, дојде до 18. грен слем титула во кариерата откако во финалето во три сета со 7:5,6:2,6:2 го победи Данил Медведев и ја продолжи доминацијата на големата тениска тројка.

Ѓоковиќ, Надал и Федерер победија на 15. од последните 16. грен слем турнири, единствен кој ја наруши доминацијата е Доминик Тим со триумфот на УС Опен откако Ѓоковиќ беше дисквалификуван, а другите двајца тенисери од големата тројка не настапија. Токму поради тоа, Мареј смета дека младите тенисери на кои им припаѓаат и Медведев и Тим, сè уште не можат да ги загрозат Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

– Очекував финалето да биде понеизвесно, но исто така знам колку Новак е добар кога „ја игра“ својата игра и е неверојатно мотивиран. Кога играш против некој што освоил 17. грен слем титули, 19 или 20, како што го прават овие момци е застрашувачко. Младите тенисери не покажаа дека им се приближија. На УС Опен, Доминик Тим го направи тоа што требаше за да победи, но доколку Новак не го испратеше топчето во вратот на линиската судијка, мислам дека конечниот исход ќе беше поинаков – вели трикратниот грен слем шампион, Енди Мареј.

Славниот тренер нема дилеми: Ѓоковиќ технички и тактички е најсовршениот тенисер на сите времиња

Виландер воодушевен од настапот на Ѓоковиќ

Откако загуби во финалето, му упати интересна порака: Новак, сакам да ми бидеш тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот