Славниот тренер нема дилеми: Ѓоковиќ технички и тактички е најсовршениот тенисер на сите времиња

epa04439466 US tennis coach Nick Bollettieri during a press conference at the Austrian Tennis Federation in Vienna, Austria, 10. October 2014. EPA/GEORG HOCHMUTH

Најпознатиот тениски тренер, Ник Болитиери се огласи по триумфот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен откако во финалето за помалку од два часа со 7:5,6:2,6:2 го победи Данил Медведев.

Болитиери кој во својата кариера тренирал легенди како Андре Агаси, Моника Селеш, Марсело Риос, сестрите Вилијамс, додека неговата тениска академија ја посетувале и тенисерки како Марија Шарапова, смета дека Новак Ѓоковиќ е технички и тактички најсовршениот тенисер.

„ Му честитам на Новак, на неговиот тим и на семејството. Покажа неверојатни перформанси во освојувањето на неговата деветта титула на Австралија Опен. Негова деветта во Мелбурн и вкупно 18. грен слем во кариерата. Новак е технички и тактички најсовршениот тенисер кој некогаш сум го видел, напиша Болитиери на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот