Маратонецот Георгиев пристигна во Скопје

Петар Шапе, советник во Советот на Град Скопје и член на Комисијата за спорт и млади и Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, вчеравечер (16.05.2019 година, четврток), го пречекаа и го поздравија, бугарскиот маратонец Красимир Георгиев.

Скопје е еден од градовите што се дел од ултрамаратонската патека на Георгиев, која месецов ја минува како иницијатива за ултра маратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија со цел промовирање на добрососедската политика и на унапредените добрососедски односи меѓу трите балкански земји, и на пан-европскиот транспортен Коридор 8.

Трасата на ултра маратонот (кој започна на 7 мај од Црното Море, а ќе заврши на 25 мај во Драч, Албанија, каде што ќе се сретнат премиерите на Бугарија, Северна Македонија и Албанија), е во должина од околу 1.300 километри, ги сврзува Црното и Јадранското Море, и минува низ 20 града.

Ултра маратонот, се одвива под мотото „Поврзување“, и е под покровителство на тројцата премиери: Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот