МАПА: Во близина на Киев и Харков беснеат борби, еве што освоија Русите досега

Мапа на освоени територии од страна на Русија/ Фото: Твитер

Руската армија окупираше некои делови на Украина, но инвазијата е далеку од тоа да оди според планот.

Војната во Украина се разгорува од час во час, Русија напаѓа од север, од територијата на Белорусија, од исток преку Луганск и Доњецк и од југ преку Крим.

Мапата што ја објави Ал Џезира ја покажува моменталната ситуација и кој контролира која територија во Украина.

Со црвено се означени териториите кои моментално се под руска контрола.

Тоа се: делови од Доњецк, Луганск, полуостровот Крим, делови северно од Крим (Херсон), делови од регионот Запорожје, делови од Черногов и Харков регион.

Денеска во раните утрински часови продолжи руската офанзива врз главниот град на Украина, Киев, соопшти украинската армија. Северно од Киев руската армија се обидела да изгради мост за да ја премине реката Ирпин, објави на „Фејсбук“ Генералштабот на украинската армија.

Жестоки битки се водат и во Харков.

Исто така, руската војска неуспешно се обидела да го заземе градот Ирпин, недалеку од Киев, додаваат од Генералштабот. Експлозии се слушнаа во главниот град на Украина Киев, Харков и Чернигов.

Стотици загинати цивили

Украинското Министерство за внатрешни работи извести за 352 смртни случаи на цивили, меѓу кои 14 деца, откако Русија започна напад во раните утрински часови во четвртокот.

До недела навечер се повредени уште 1.684 лица, меѓу кои 116 деца, соопшти МВР.

Во тек се мировни преговори меѓу Москва и Киев, на границата меѓу Украина и Белорусија.

Денеска е петти ден од почетокот на руската агресија врз Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска побара од Европската унија итен прием и ги повика руските војници да дезертираат. Преговорите меѓу двете конфликтни страни се во тек.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот