Mанифестацијата „100.000 поети за промена“ објави конкурси за поезија и постер

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за 12. издание на истоимениот фестивал. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми што се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук-профилот на манифестацијата или на имејлот [email protected] најдоцна до 25 август 2022 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор, а потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100.000 поети за промена“ – Македонија, кој секоја година се публикува како дел од оваа програмска активност.

Mанифестацијата распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамките на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата, која е дел од манифестацијата „100.000 поети за промена“, на 24 септември 2022 година во Струмица.

Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, а нашата држава е дел од неа уште од самиот почеток и поддржана од Општина Струмица.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 140, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-7 август 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот