Мангупката Кејт: Се прикрала на забава и се опуштила со пијалок…

профимедиа

Војвотката малку излезе од рамката и правилата на кралското семејство па се опушти со пијалок. Тоа не би било чудно, да не влезеше низ преминот од каде никој не можеше да ја забележи.

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (37) често е позната како таа секогаш се држи до кралските правила и традиција, за разлика од нејзината јатрва Меган Маркл (38).

Меѓутоа, Кејт малку излезе од таа рамка и се опушти со пијалок со другите мајки од училиштето во кое одат нејзините деца. Настанот бил организиран со цел родителите од луксузното училиште да можат подобро да се запознаат, пишува Дејли Мејл.

Така Кејт дошла преку таен влез скриен од камерите, а наводно таа врата прво била направена за принцот Хари (35).

Во овој паб претходно принцот Хари ја организирал својата ергенска вечер и токму тогаш овој таен влез бил „креиран“ специјално

Изворот кој исто така бил присутен на забавата, тврди дека Кејт била одлично расположена, опуштена и со чашка алкохол во раката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот