Манекенката Адријана Лима ужива во изолација со поранешниот сопруг! (ФОТО)

Фото: Profimedia

Додека нечии врски и бракови поминуваат низ искушение поради изолацијата, има и оние на кои заедничкиот престој одлично им одговара. Бразилската манекенка Адријана Лима и поранешниот кошаркар Марко Јариќ заедно со своите ќерки Сиена и Валентина се наоѓаат во изолација во Мајами. Очигледно карантинот на поранешните сопружници им одговара, па имаат можност да размислат за својот однос и можеби си дадат уште една шанса еден на друг.

Лима и Јариќ се венчаа на денот на заљубените во 2009 година во Вајоминг, Америка. После 5 години брак во кој се родија нивните две ќерки, тие се разведоа во март 2014 година. Покрај разводот Адријана и Марко останаа во добри односи, што ја потврдува и одлуката да заедно со своите ќерки бидат во карантин. Но, озборувањата дека се смириле не ги покренаа само последните фотографии од Мајами на кои се гледа како парот со ќерките ужива во возење со глисер, туку во декември минатата година, кога во тајност вечераа со семејството на кошаркарот Владе Дивац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот