Манчини: Половина век чекаме европска титула!

twitter.com/CityBib

Откако не успеа да се пласира на СП 2018, репрезентацијата на Италија во квалификациите за ЕП 2020 има шест максимални победи во групата „Ј“ и со нови три бода против Грција на стадионот „Олимпико“ – Рим (20.45 часот) и дефинитивно ќе се промовира како учесник на наредниот континентален собир.

И селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини вели дека прво треба да се триумфира против Грција, а потоа следна негова цел наредното лето ќе биде да се прекине долгиот „пост“ кој трае веќе 51 година и ја врати Италија на европскиот врв.

– Мораме да се пласираме на ЕП, иако знаеме дека нема да биде лесно. Кога седнав на клупата на Италија, не знаев што да очекувам во наредните 15 месеци. Како и да е, беше важно да ги забрзаме нештата, нов победнички стил и запознавање со играчите. Нашата примарна цел е Европско првенство, кое во историјата сме успеале да го освоиме само еднаш. Потоа, погледите ќе бидат насочени и кон Светското првенство во Катар 2022 – рече Манчини.

Италијанците единствената европска титула ја имаат далечната 1968 година, и тоа на домашен терен кога во финалето ја совладаа тогашна Југославија. Двапати беа финалисти во 2000 и 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот