Манчини го одбра тимот за дуелот со Македонија

Роберто Манчини/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини го објави конечниот список од 23 фудбалери на кои ќе смета за полуфиналниот бараж натпревар против Македонија и евентуалниот натпревар во финалето против победникот од дуелот Португалија – Турција.

Манчини одлучи од списокот да отпаднат Џанлука Скамака од Сасуоло, Николо Заниоло од Рома и Андреа Белоти од Торино.

На списокот сепак се најде името на Џорџо Кјелини кој најверојатно нема да настапи вечерва.

Список на италијански фудбалери за бараж натпреварот со Македонија:
ГОЛМАНИ: Алесио Крањо (Калјари), Салваторе Сиригу (Џенова), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ).
ОДБРАНА: Франческо Ачерби (Лацио), Александро Бастони (Интер), Џорџо Кјелини (Јувентус), Матија Де Шилјо (Јувентус), Емерсон Палмиери (Лион), Алесандро Флоренци (Милан), Џанлука Манчини (Рома).
СРЕДЕН РЕД: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Жоргињо (Челси), Лоренцо Пелегрини (Рома), Матео Песина (Аталанта), Марко Верати (ПСЖ), Сандро Тонали (Милан).
НАПАД: Доменико Берарди (Сасуоло), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Калјари), Матео Политано (Наполи), Џакомо Распадори (Сасуоло).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот