Манчевски: Дозволите за движење се само за одење до работното место и враќање дома

Втор на видеосесијата која се одржува во Владата говореше министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, кој информираше за дозволите за движење за време на полицискиот час.

-Во основа постојат различни категории на фирми за кои ние издаваме дозволи, но во поголем дел самите компании издаваат дозволи на своите вработени. Оваа довола е важно да се знае дека може да се користи само за одење на работното место и назад. Доколу лицето е легитимирано од МВР и се наоѓа надвор од таа релација, ќе имаат серизен проблем- рече Манчевски.

Тој апелираше до граѓаните да се однесуваат одговорно и  да ги користат овие дозволи само за одење на работа и враќање назад.

-Дозволите кои ги издаваме ние како министерство се дозволи за неограничено движење, а тие се однесуваат  претежно на претставници на институциите кои имаат потреба да се движат во време на полицискиот час, за репортери, односно за теренска работа, потоа издаваме дозволи за вработени во мали пекари или бурекџилници. Ова се производствени погони каде работат помалку од пет вработени- рече Манчевки.

Тој истакна дека и погребалните претпријатија имаат дозволи за движење за време на полицискиот час, бидеќи се јавила потреба од тоа.

Исто така и за земјоделците, а денеска е одлучено дозволи за движење да добијат и регистрирани одгледувачи на домашни миленици.

Манчевски напомена дека дозволи за движење имаат и оние лица кои се грижат за болно или немоќно лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот