МАМАВИЗИЈА | Тасеска: Носев бебе без срцева реакција, стравував за животот на неговото близначе
Можеби ја познавате како сертифициран специјалист за доење, или можеби токму таа ви помогнала околу доењето на вашето бебе. Ивана Тасеска е мајка на две мали принцезички, четиригодишната Калина и Јована, којашто има една година. Тасеска за првпат пред очите на јавноста во емисијата „Мамавизија“ зборува за нејзиното мајчинство.
Препорачано
Првата бременост за неа значела сериозен предизвик.
-Отсекогаш посакував да имам близначиња, кога останав бремена, на почетокот не се знаеше дека имам два плода во мене. На преглед во осмата гестациска недела докторката забележа дека имам близначка бременост, но за жал ми соопшти дека на едното бебе не му се слуша срцева реакција – се присетува на овој лош момент Тасеска.
Во тој момент не знаела што значи тоа за другото бебе, но и за неа воопшто. Поминала низ неколку консултации, лекарите ѝ објасниле дека во вакви ситуација постојат две варијанти.
– Едната варијанта е телото само да го ресорбира плодот и да си продолжи вториот ембрион да си се развива без никаков проблем и таа варијанта беше попосакуваната варијанта. Втората опција беше да настане спонтан, но само на мртвиот плод, што би значело сериозен ризик за другото бебе – рече нашата соговорничка.
За тоа како го пребродила овој период во животот ни раскажува отворено и за тоа каков траг оставило ова врз неа како идна мајка.

Со Тасеска ја отвораме темата за доењето како едно важно прашање за современата мајка. Разговараме за најчестите проблеми со кои се соочуваат доилките, а таа во емисијата дава и неколку совети.
И ова ќе биде уште едно убаво доживување во „Мамавизија“ со едно лично искуство од кое можеме да научиме многу.
Гледајте „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.


