Дороти Пачкова - Драган Митревски - Слободен печат
Дороти Пачкова - Драган Митревски - Слободен печат

МАМАВИЗИЈА | Дороти Пачкова: Постоеше ризик за плодот бидејќи останав трудна додека доев

Кога станала самохрана мајка, романтизираната љубов на принцезите за неа паднала во вода, денес е мајка на три деца, фраерот Маркијан, опасниот херој Ноа и слатката самовилка Софија. Во денешната епизода на „Мамавизија“ разговараме со Дороти Пачкова, активистка и поборник за женските права.

Со Пачкова отвораме повеќе важни теми, од тоа како е да се биде самохран родител денес, до тоа дали им е тешко на самохраните родители да запознаат нов партнер. Таа отворено зборува за тоа како откако останала бремена, останала сама и одбрала надвор од градот да ја помине бременоста сосема сама! Таа за првпат етапно го раскажува нејзиниот пат до мајчинството, како се запознала со нејзиниот сопруг и дали е тешко да се создава нова заедница.

Една од првите е што го актуализираше чинот на јавно доење, па денес за тоа ќе рече дека гледа како на револуционерен чин.

-Се радувам што денес гласно се зборува за одредени теми кои пред неколку години беа табу-тема, а еве овде во твојата емисија мајките отворено дискутираат низ што минуваат, како се чувствуваат и со што се соочуваат. На јавното доење гледам како на револуционерен чин, исто како и на оваа емисија „Мамавизја“ – рече таа.

На периодот кога првпат останува бремена се сеќава како на еден прекрасен период од нејзиниот живот и покрај тоа што не добила никаква поддршка, таа одлучила сама надвор од градот да ги помине деветте месеци во блажена состојба. По породувањето нештата се менуваат. Осум години е самохрана мајка, а подоцна го запознава сопругот со кој во бракот добива две деца.

-Мене јавноста ме знаеше како самохран родител, мојот живот беше инспирација да почнам да се занимавам со правата на самохраните родители, со женското прашање во современиот свет. Така и запишав втор факултет, така и ја основав „Една може“. Не размислував за партнер, но кога го запознав сопругот тој знаеше дека јас имам дете. Впрочем, мојот прв состанок со него беше на Водно, заедно со син ми. Но верувам дека за многумина не е лесно започнувањето нова врска кога имаш дете. Мало општество сме, секој со секој се знае, но не гледам зошто едно дете би претставувало проблем – вели таа.

Дороти Пачкова - Драган Митревски - Слободен печат
Дороти Пачкова – Драган Митревски – Слободен печат

За Пачкова спиењето на бебето, па и детето, во кревет со мајката не е некој грев.

-Ако малку се навратиме на нашата традиција ќе видите дека во минатото сите спиеле во една соба, не во други кревети или друга соба, туку сите спиеле на купче. Времињата биле ладни, покрај огништето биле сите сместени. И тоа носело големи бенефити и сè уште верувам дека носи, токму поради фактот што во таа животна фаза кога бебето е новороденче или во првата година од животот се развива, не само нервниот систем на бебето, туку се развива и врската, во првата фаза помеѓу мајката и бебето, потоа и меѓу останатите членови на семејството. Тоа е онаа праконекција која утре тоа дете ќе ја преигрува, пререлаизира и во партнерските и во пријателските односи и во односот на кариерата. Јас сè уште спијам со Софија и со Ноа и не гледам проблем во тоа, напротив – вели таа.

Гледајте „Мамавизја“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“, секоја среда со почеток во 20 часот. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот