Малолетник со петарди предизвикал пожар во куќа во Кисела Вода

Петарди/ Фото Архива на СП

Малолетник од Скопје се сомничи дека вчера попладне запалил куќа во Кисела Вода, сопственост на седумдесетгодишен скопјанец.

„Денеска (24.01.2024) во полициска станица, во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје“, соопшти МВР.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот