Макрон ги предупреди Белград и Приштина ако не се одговорни ќе се проверува либерализација на визите

Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Претседателот на Франција Емануел Макрон ги предупреди Белград и Приштина дека ќе бидат преземени понатамошни мерки против двете страни ако не се однесуваат одговорно.

Макрон рече дека Договорот за патот кон нормализација на односите на Србија и Косово од февруари оваа година, кој е познат и како француско-германски план, е „вистинскиот пат напред“ и дека страните „мора да бидат посветени“.

„Со Германија напишавме нова мапа на патот кога станува збор за разликите меѓу Србија и Косово. Верувам дека ова е добра мапа за патот која ја поддржаа европските преговарачи и нашиот претставник, така што очекуваме јасно ангажирање на двете страни во врска со изборите во општините на северот на Косово и повторно учество на Србите во институциите“, изјави Макрон.

Наведе дека Франција и Германија се посветени на тој процес и дека направиле придвижувања кога станува збор за визната политика и економијата.

„Тоа повторно ќе го разгледуваме ако двете страни не се однесуваат одговорно. Очекуваме мирот да се врати во тој регион. Мораме да бидеме многу внимателни, особено кога станува збор за стабилноста на Западниот Балкан“, додаде Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот