Макрадули: Шукова со нејзиниот капацитет отскокнува меѓу кандидатите за Скопје
„Каја Шукова има таков капацитет за она што најмногу му треба на градот, а тоа е еден нов инфраструктурен приод во решавањето на наталожените проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече членот на СДСМ и поранешен функционер Јани Макрадули во своето гостувањето на „Вести плус“.
Препорачано
„Неспорно е ако ги споредите сите кандидати дека госпоѓата Каја Шукова има таков капацитет за она што најмногу му треба на градот, а тоа е еден нов инфраструктурен приод во решавањето на наталожените проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ. Според нејзиното искуство што го има, сообено во делот на животната средина и инвестициите, Шукова има поголеми шанси како капацитет. Останува да се види дали политичката реторика и платформа и целиот амбиент е за еден таков натпревар. Времето ќе покаже дали одлуката била добра или не. Како капацитет и квалитет, отскокнува далеку повеќе од другите кандидати – тука нема збор“, рече Макрадули.
Освен Каја Шукова која е кандидат за Скопје од СДСМ, за градоначалничкото место ќе се борат и Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Скендер Реџепи Зејд од коалицијата „Европски фронт“ и Башким Бакиу од Вреди. Кој ќе седне на градоначалничката фотелја ќе биде познато на 19 и 25 октомври за кога е предвидено одржувањето на локалните избори.


