Македонските власти уште пред две години биле предупредени за лажниот Порошенко

Поранешниот амбасадор на Украина во земјава, Јуриј Гончурук, во врска со местенката од страна на руските комичари на кои наседна премиерот Заев, изјави дека тој уште пред две години предупредил за такво нешто, пишува МКД.мк.

– Уште во 2017 година имав состанок со претставници на македонските безбедносни служби и со членови на кабинетите на шефот на државата и на министерот за надворешни работи на кои предупредив на тоа дека некој лажно се претставува како претседателот Петро Порошенко и дека се јавува по државници – вели Гончарук за МКД.мк.

Гончарук вели дека нема никакви сомневања дека се работи за припадници на специјални служби и дека овие руски „комичари“ насекаде го пикаат носот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот