Македонските млади кошаркарки го освоија 16 место на ЕП дивизија „Б“

фото: kfsm.mk

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го освои 16 место на Европското првенство од дивизијата „Б“ за кошакарки „Под 18“ години.

Во послендиот натпревар во Софија подобра од нашата беше јуниорската репрезентација на Австрија со 74:81.

Со само 10 кошаркарки во составот, ова беше и максимумот кој нашите млади кошаркарки можеа да го дадат во последните 40 минути на шампионатот во главниот град на Бугарија.

Конечниот победник го реши првата четвртина во која Австријките реализираа дури 30 поени, а нашите јуниорки само 16.

Сето друго беше во раммите на еден израмнет меч во кој Австрија ја одржуваше таа висока разлика. На крајот од средбата, Македонија се доближи и на негатива од само пет поени (72:77), но немавме енергија за комплетно „враќање“, а и малку време до крајот 75 секунди.

Една од нашите најмлади кошаркарки Ања Начевска, имаше уште едно одлично индивидуално издание од 27 поени, по 11 реализираа Алексовска и Ѓуковиќ, а 10 постигна Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот