Македонските Бугари бараат поддршка од Бугарија за претседателот на клубот „Иван Михајлов“: Против Георгиевски се води политички процес

Културен центар Иван Михајлов - Битола/Фото: Скриншот

Секретарот на културниот клуб „Иван Михајлов“, Благој Шаторов побара поддршка за претседателот на клубот Љупчо Георгиевски од сите бугарски општествено-политички фактори, со образложение дека Бугарија е рамноправна членка на Европската Унија и треба да ги користи сите нејзини механизми за да може ЕУ да ги заштити правата на Бугарите во Македонија, објави порталот „Днес“.

Љупчо Георгиевски во петокот беше повикан во обвинителството, според членот 394 од законот за ширење расизам и ксенофобија онлајн. Станува збор за објави на Фејсбук страницата на Културниот клуб „Иван Михајлов“, односно снимки и цитати од Иван Михајлов.

– На Фејсбук пишувам дека сме Бугари и тоа ги навредувало чувствата на оние кои стојат зад повикот. Љупчо Георгиевски го обвинуваат едноставно затоа што е Бугарин и ја презел одговорноста да ја води борбата на македонските Бугари за рамноправност со другите во Северна Македонија. Зад ова обвинение стојат структури останати од југословенските служби кои се инфилтрирани во македонскиот систем. Конкретно обвинението доаѓа од една партија која што се нарекува Левица, а тоа е прокомунистичка партија. Тоа е истата партија која ги организираше протестите пред клубовите во Битола и во Охрид и која што го поддржа и палењето на клубот, обвинува Шаторов.

Зад ова, според него, стојат и други кои сакаат да го поврзат Иван Михајлов со фашистите. Но, додава, Иван Михајлов за историографијата не бил ниту фашист ниту соработник.

– Станува збор за наши објави на Фејсбук во кои сакаме да кажеме дека имаме бугарски корени, но тоа ги навредувало чувствата на структури како Левица. Ние имаме илјадагодишна историја и за 70-80 години во време на СФРЈ не можеме да се откажеме од нашите корени. И тоа им смета. Сакаме Бугарите да имаат еднакви права со сите останати. Нашите деца да имаат право да се запишат во училиште како Бугари, а не да си пишуваат Македонци. Оние со бугарска самосвест да смоат да се пријават за работа како Бугари“, вели Шаторов.

Според него, по прифаќањето на преговарачката рамка на ЕУ состојбата за нив станала уште полоша и дека сега се водат политички процеси. Шаторов се повикува и на изјавата на адвокатот на Георгиевски кој што вели дека делото е политичко и нема ништо заедничко со правото.

Тој потсетува и дека го информирале еврокомесарот Оливер Вархеји дека проблемот не е во името на клубот Иван Михајлов, кое ги обединува Бугарите во борбата за рамноправност и додава дека очекува Вархеји да не ги игнорира и да се запознае со проблемите на македонските Бугари, а бугарските политичари, пак да бидат поактивни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот