Македонскиот спорт без гледачи до 13 март

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче, на наредната седница на Владата ќе предложи сите јавни собири и спортски натпревари да се одржуваат без публика до 13 март.

Претходната препорака на Владата беше сите спортски настани и јавни собири да се одржат без гледачи до 6. март но, по денешниот состанок на Филипче со епидемиолози и стручни лица од Управувачкот комитет во Центарот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, тие предложија тој рок да се продолжи на уште една недела.

– Мерката се должи на фактот дека бројката на заразени со коронавирус се зголемува, и според последните податоци од Светската здравствена организација, во Европа стигна до 4.250, што е за илјада повеќе од вчера. Трансмисијата е локална, во нашиот регион има еден случај во Словенија и два во Република Српска – изјави Филипче.

Оваа препорака на Филипче, значи дека натпреварите од првата фудбалска лига, кошаркарската Суперлига, ракометната Суперлига, втор викенд по ред ќе се играат без присуство на гледачи.

Министерот исто така изјави дека утрово разговарал со мобилните оператори и заедно работат на техничко решение со кое, сите странци кои влегуваат во земјава, штом се приклучат на некоја од нашите мрежи да бидат известени со посебна порака што да преземат ако почувствуваат симптоми на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот