Фото: КФСМ

Македонскиот репрезентативец Итан Хап номиниран за МВП на колото и најдобар дебитант

Новиот Американец во репрезентацијата на Македонија, Итан Хап имаше одлично деби на стартот од квалификациите за Европското првенство.

Натпреварот против Естонија во кој Македонија не одигра лошо и во голем дел од натпреварот имаше предност тој го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени, 10 скока и четири блокади. Неговиот индекс е трет највисоко во првото коло од квалификациите за ЕП.

Пред Хап се само Џанан Муса од Босна и Херцеговина и Мајлс Хеесон од Велика Британија. Така за Хап е помеѓу петте номинирани за МВП во првото коло и за него може да гласате на страницата на ФИБА  (ТУКА).

Исто така Хап е и помеѓу номинираните за најдобар дебитант (ТУКА). Конкуренти на нашиот репрезентативец во оваа категорија му се: Тарик Биберовиќ од Турција, Оскар да Силва од Германија, Јонас Делалие од Белгија, Мет Дилоу од Велика Британија, Ѓорги Очкикидѕе од Грузија, Рубен Преј од Португалија, Метју Стразел од Франција, Џо Томасон од Грузија и Дарал Вилис од Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот