Македонски јазик се учи на кинескиот Универзитет за економија и право

Амбасадор на Кина во Македонија Фото: МИА

Изборен предмет по македонски јазик и култура е воведен на кинескиот Универзитетот за економија и право кој има за цел да ги запознае студентите со богатата култура, јазикот, традициите и културното наследство на Македонија. Досега 200 студенти го полагале предметот.

На свечената промоција на новиот изборен предмет на Универзитетот за економија и право во Кина, на 26 февруари кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Зуо и амбасадорот на Македонија во Кина, Сашко Насев имаа обраќање преку видео врска.

Амбасадорот Џанг Зуо рече дека се надева оти студентите ќе учат за јазикот и културата на Македонија, промовирајќи ги заедничките вредности на мирот, правдата, демократија и слободата за целото човештво.

Амбасадорот Насев во своето обраќање ја истакна важноста на македонскиот јазик. Тој додаде дека македонската култура има многу репрезентативни и посебни народни обичаи, како и нематеријално културно наследство. Тој го пофали интересот на учениците за македонскиот јазик и култура, и ги охрабри да учат посветено. Тој се надева дека кинеските студенти ќе имаат можност да ја посетат Македонија.

Предметот македонски јазик и култура го предава професорката Фросина Виткоска од Факултетот за странски јазици.

Воведувањето на овој предмет има за цел да ги запознае студентите со богатата култура, јазикот, традициите и културното наследство на Македонија. Преку овој курс студентите ќе стекнат подлабоко разбирање за основите на македонскиот јазик, граматиката, вокабуларот и разговорните вештини, како и запознавање со македонските обичаии, традиции и уметничките манифестации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот