Македонската ракометарка Ливриниќ позитивна на коронавирус

фото:

Како што информира романскиот медиум „opiniabuzau“, нашата репрезентативка е првиот случај во спортот на Бузау со позитивен тест на коронавирус.

Македонската ракометарка Елена Ливриниќ ова лето направи трансфер во Глорија Бузау од Рапид Букурешт.

Во понеделникот тимот на Бузау започна со тестови за Ковид-19 и е објавено дека Ливриниќ има позитивен тест.

фото: принтскрин/opiniabuzau.ro

Клубот донесе одлука таа да биде дома во изолација, а истото ќе го направат уште нејзината цимерка Патрисија Морару и две лица одговорни за масажа кои беа во контакт со нашата ракометарка.

Претходно во кариерата ги бранеше уште боите на Данубиус Галаци и ЖРК Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот