Македонската армија добива турски хаубици од среден дострел „Боран“

Македонската армија набавува уаубици од типот „Боран“ со калибар 105 милиметри / ФОТО : Ministry of Defense of Turkey

Македонската армија порачала од Турција три батерии со вкупно 18 хаубици од типот „Боран“ со калибар 105 милиметри, каде според договореното предвидено е првата пратка на ова оружје да биде испорачано за две години. Како што наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“, македонската армија има намера целосно да ја осовремени својата единствена артилериска дивизија.

Првата батерија од шест хаубици „Боран“ се очекува да пристигне во земјава за од прилика две години, додека преостанатите две батерии ќе бидат испорачани во периодот од 2029 до 2031 година. Дотогаш, Армијата на Северна Македонија ќе има само една батерија артилерија, која ќе се користи за обука и за стекнување нови техники.

„Армијата на Северна Македонија е во голем моментум на модернизација. Преку американска и германска воена помош, таа повторно се вооружува со нови борбени системи и да ја замени технологија која во голема мера е наследство од Студената војна и стекната од Украина во 2001 година. Па така во артилеријата тоа ќе бидат хаубиците „Боран“, за пешадијата ќе се користат американски борбени возила „Страјкер“ и „ЈЛТВ“, а францускиот ракетен систем за противвоздушна одбрана „Мистрал 3“ ќе го чува македонското небо наведува реномираниот порталот.

За евентуалните задачи во рамките на НАТО и меѓународните мисии, македонската армија има еден лесен пешадиски баталјон со засилување, вклучително и батерија „застарени“ хаубици од типот „М2А1“, кои беа добиени како американска донација пред четврт век.

„Првата варијанта на тие хаубици беше воведена во американскиот арсенал во 1940 година и се користеше за време на Втората светска војна, а сега таквите алатки може да се видат на видеата од војната во Украина“, се вели во текстот, наведувајќи дека максималниот опсег на тие хаубици се околу 11 километри, што е недоволно за современите стандарди.

Инаку според турскиот производител, дострелот на овие хаубици „Боран“ е 17 километри, а брзината на истрелување е до шест проектили во минута.

За програмата „Боран“ е развиен модерен систем за контрола на пожарот со балистички компјутер, потоа инерцијален навигациски систем и радар за мерење на брзината на проектилот од устата на цевката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот