Македонија со Трајковски и Пандев во нападот против Германија

фото. ФФМ

Селекторите на двете репрезентации Германија и Македонија, Јоаким Лев и Игор Ангеловски, ги објавија стартните 11 со кои ќе го започнат вечерашниот натпревар (20.45 часот) во Дуизбург во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Ангеловски се одлучи за формација 3-5-2, од првата минута во нападот да ги има Трајковски и Пандев, потоа во средниот ред се Алиоски, Елмас, Адеми, Барди и Николов.

Во одбраната се Муслиу, Велковски и Ристовски, а на голманската позиција е Димитриевски.

Шанса од клупата ќе чекаат Богатинов, Шишковски, Бејтулаи, Ашковски, Ристевски, Радески, Хасани, Стојановски, Велкоски, Спировски, Ибраими.

Во продолжение и стартниот состав на Германија: Тер Штеген, Емре Чан, Гинтер, Рудигер, Госенс, Горецка, Кимих, Гундоган, Хаверц, Гнабри, Сане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот