Македонија сака одмазда против Украина за останување во битка за пласман на ЕП 2024

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Maкедонската фудбалска репрезентација по ремито со Италија (1:1) и победата против Малта (2:0), денеска ја очекува натпревар против Украина.

Македонија се уште е во битка за Европското првенство, но за да останеме и понатаму потребно е да ја победиме Украина во Прага. Се уште свежи се сеќавањата на болниот пораз во Скопје во кој водевме со 2:0 на полувремето, но на крајот изгубивме со 2:3. Во овој натпревар одличен беше Михајло Мудрик кој запиша две асистенции.

Дека таков пад на концентрацијата не смее да ни се случи предупреди и селекторот Милевски на вчерашната прес-конференција.

„Утрешниот натпревар ќе биде комплетно различен од тој во Скопје. Дојдовме во ситуација во која на двете селекции им одговара само победа. Очекувам еден отворен меч од двете страни. Македонија треба да биде фокусирана во текот на сите 90 минути, а не како што се случи на првиот дуел во Скопје“, изјави селекторот на денешната прес-конференција.

Украинците во натпреварот влегуваат ослабени бидејќи не можат да сметаат на Андреј Јармоленко и Виктор Цингаков, двајцата се отсутни поради повреди.

Во нашиот состав, Милевски се одлучи за овој циклус да не ги повика напаѓачите Илија Несторовски и Дориан Бабунски кои претходно добиваа повик.

Натпреварот се игра во терминот од 15:00 часот, а на табелата ќе потсетиме, Италија, Македонија и Украина имаат по седум бода, Англија е лидер со десет, а Малта е последна. По натпреварот со Украина, Македонија ја чека натпревар дома против Англија и гостување во Рим против Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот