Македонија против Ирска, Луксембург и Азербејџан во европските претквалификации
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ги доби противниците за првиот круг од претквалификациитее за пласман на Евробаскетот во 2029 година. Вкупно 10 европски репрезентации, вклучително и Македонија се дел од претквалификациите за пласман во квалификациите за ЕП 2029.
Препорачано
На денешната ждрепка во Рига, Летонија, каде се игра завршната фаза од Евробаскетот 2025, беа формирани и трите натпреварувачки групи преку кои првопласираните три селекции, и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во втората натпреварувачка фаза.
Нашите најдобри кошаркари се во групата „А“ во која се и репрезентациите на Ирска, Луксембург и Азербејџан. Во групата „Б“ ќе играат селекциите на Бугарија, Норвешка и Ерменија, додека во групата „Ц“ ќе се натпреваруваат: Словачка, Косово и Албанија.
За да се најдат во друштвото на најдобрите европски селекции ќе треба да поминат три натпреварувачки сегменти, односно рунди. Во првата фаза, ќе се игра во три натпреварувачки „прозорци“. Првиот е од 24 ноември до 2 декември 2025 година, вториот ќе се игра во периодот од 23 февруари до 3 март 2026, а последниот е предвиден помеѓу 29 јуни до 7 јули 2026.
ЖДРЕПКА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029
ГРУПА А
МАКЕДОНИЈА, Ирска, Луксембург, Азербејџан
ГРУПА Б
Бугарија, Норвешка, Ерменија
ГРУПА Ц
Словачка, Албанија, Косово


