Maкедонија остана на 66. место на ФИФА ранг листата

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 66. место на ФИФА ранг листата.

Македонија во овој циклус ја победи Ерменија на пријателска средба и загуби од Украина во квалификациите за Европското првенство 2024 година. Со тој учинок нашиот ранг остана непроменет.

Нашиот противник Англија се уште е највисоко рангирана од нашата група и е четврта светска сила. Италија се наоѓа на деветтото место, додека Украина е на 22. место. Најслаб ранкинг од нашата група има Малта со 171. место.

На врвот прва е светскиот шампион Аргентина, а зад неа следуваат Франција и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот