Македонија остана без финале, Египет беше преголем залак за ракометарите

Фото: МОК

Машката ракометна репрезентација загуби во полуфиналето на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир од селекцијата на Египет со 34:20.

Селекторот Кирил Лазаров во Оран настапи со ракометари што настапуваат во домашната Суперлига, а неговите избраници во поголем дел од првото полувреме беа рамноправен противник на Египет кој игра во најсилниот состав.

Натпреварот подобро го отвори Египет кој поведе со 4:1, во македонските ракометари успеаја да се вратат и да дојдат до минус еден (6:5). Во финишот од првиот, Египет ги казни сте грешки на македонските ракометари и на одмор се замина со 16:10.

Второто полувреме започна со фуриозна игра на Египет кој за десетина минути дојде до двоцифрена предност (22:12) по што стана јасно кој ќе игра во финалето. До крајот на средбата, ракометарите на Египет кои се предводени од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, рутински го приведоа натпреварот и славеа со 34:20.

Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Марко Стојковиќ и Иван Џонов дадоа по три гола и беа најдобри стрелци во македонската репрезентација.

Во натпреварот за бронзениот медал, Македонија ќе игра со поранешниот од второто полуфинале во кое се среќаваат Шпанија и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот