Македонија едвај или воопшто не победува и аутсајдери: Резултатите и играта велат – во фудбалот не сме на вистинскиот пат!

Фото: ФФМ

Лоша репрезентативна пауза е зад Македонија – сениорската, селекцијата до 21 година и онаа 19 не можат да се пофалат со добра игра и добри резултат.

Ќе започнеме од сениорската репрезентација која одигра два пријателски натпревари во Анталија против Молдавија и Црна Гора. Селекторот Благоја Милевски пред двата натпревари најави дека овие два дуели ќе бидат искористени да се пробуваат нови варијанти, но ние – ништо ново не видовме!

Без разлика што во прашање се пријателски натпревари еден гол во два натпревари против Молдавија и Црна Гора е премалку споредбено со нашите амбиции и очекувања кои ги имаме од репрезентацијата. Единствениот гол кој го постигнавме беше дело на Бојан Миовски пред крајот на првото полувреме во натпреварот против Молдавија.

Не разликуваа многу и двата натпревари, против Молдавија имавме некоја шанса повеќе, но немавме некоја посебно изразита доминација. Против Црна Гора го имавме поседот на топката, меѓутоа како да бевме без идеја во нападот, Јоветиќ тоа го казни и го загубивме натпреварот. Зачудува изјавата на селекторот Милевски по овој натпревар истакнувајќи дека е задоволен од она што го видел и дека Македонија доминирала.

МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈА 1:0

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 0:1

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА

Ќе продолжиме со репрезентацијата до 21 година предводена од Драган Канатларовски која од споменатите три селекции (сениори, У21 и У19) ја забележа единствената победа која веројатно нема многу да значи во квалификациите. И тоа беше победа против аутсајдерот Гибралтар минимална 1:0. Шведска во вториот дуел вчера секако беше фаворит и таа фаворитска улога ја оправда со победа од 0:2.

МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 1:0

МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 0:2

Фото: ФФМ

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ

Репрезентацијата до 19 години исто така не може да се пофали со добри резултати бидејќи беше поразена од Украина и Швајцарија во квалификациите за ЕП, а одигравме нерешено против Летонија. Во овие три натпревари примивме пет гола и постигнавме само еден, ист биланс како и Летонија која се сметаше за аутсајдер во групата.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 0:2

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0:2

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 1:1

Фото: ФФМ

Ако собереме се од овие три селекции македонските фудбалери постигнале само три гола и тоа против Молдавија, Гибралтар, Летонија…„аутсајдер до аутсајдер“!

Ако идеме во подолните селекции и таму не може да се пофалиме со кој знае какви резултати. Селекцијата до 18 години која ја води Вујдаин Станојковиќ на „Анталија Куп“ во Турција победи против Естонија (0:3) и ФК Анталијаспор (0:3), но и тие претрпеа пораз од селекција како Молдавија.  Два порази од Австрија претрпе репрезентацијата до 16 години на Раде Каранфиловски.

Очигледно е дека некои работи не се во ред и веројатно промени се неопходни.

Ангеловски: Каде е Македонија после Евро 2020? Ја растурија најдобрата генерација во историјата!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот