Ангеловски: Каде е Македонија после Евро 2020? Ја растурија најдобрата генерација во историјата!!

Игор Ангеловски, поранешниот селектор на македонската фудбалска А репрезентација/фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Македонската фудбалска А репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски во изминатиот период во Анталија одигра два пријателски натпревари во кои ремизираше со Молдавија (1:1) и загуби од Црна Гора (1:0).

Играта не беше на задоволителното ниво и во двата меча, фановите преку социјалните мрежи упатуваат критики кон репрезентативците и Милевски.

И поранешниот селектор на националниот тим Игор Ангеловски кој пред три години ја одведе Македонија за прв пат на едно големо натпреварување, учество на Европско првенство, даде свој коментар за игрите на Македонија.

Во својата објава на фејсбук воедно им честиташе на Грузијците за историскиот пласман на ЕП 2024, а против кои токму ние испишавме историја за учество на Евро 2020:

– Грузија заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки.

Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”. Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ.

Резултатот е нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи – стои во објавата на Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот