МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА: Од утре ќе работат само маркетите, аптеките и бензиските, луѓето во редици чекаат за намирници (ФОТО)

Бугарија денеска прогласи вонредна состојба на територијата на цела држава, откако во земјата се регистрирани 23 случаи на заболени од коронавирус. Од утре, па во наредните 14 дена, ќе работат само бензиските станици, аптеките и продавниците за храна. За време на вонредната состојба, патувањето до и од земји со голем процент на заразени ќе биде забрането, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени, а на полицијата ќе и биде дозволено да интервенира за да ги изолира заразените лица.

Македонци кои живеат во градот Пазарџик, во изјава за Слободен печат велат дека во градот завладеал тотален хаос и паника. Граѓаните масовно денеска пазареле во маркетите и се снабдувале со намирници. Од утре, како што им било соопштено се ќе биде затворено, освен маркетите, бензиските и аптеките. Тие ни испратија и фотографии од продавниците во Пазарџик.

Кај народот завладеа паника. Стотици граѓани чекаа во ред во продавниците. Од утре ни кажаа дека во маркетите ќе пуштаат само по пет луѓе, додека другите ќе чекаат надвор. Денеска по 18 часот се беше затворено. Улиците се пусти. Луѓето не излегуваат од дома – велат нашите соговорници.

Сопствениците на приватни фирми велат дека не знаат како ќе ги истуркаат следните 14 дена, никој не им кажал како ќе и м се покријат загубите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот