Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение Господово

Црквата во Ербеле, фото: МИА

Денешниот голем христијански празник, Преображение Господово, кој е патрон на селската црква, го одбележаа Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.

По традиција присуствуваа верници и од соседните села, како и оние по потекло од овој крај, а  кои сега живеат во Македонија, во други градови во Албанија и во западноевропските земји.

Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност веруваат дека црквата има исцелителна моќ.

– По број сме се помалку, но традицијата не ја забораваме. Во црквата доаѓаме спроти прзникот, значи синоќа, а одбележувањето го продолживме денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест – вели жител на селото.

Црвата „Свето Преображение“ датира од 12 век, а во 1970 година, со одлука на албанските власти, е прогласена за споменик на културата.

Во октомври 2018 година Бигорски манастир подари 12 икони на црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот