„Мајски цвет” ќе ја снабдува со храна градинката во Министерството за финансии

Фото: МИА

Советот на Општина Карпош на денешната 29 вонредна седница ја одобри одлуката со која се овозможува од карпошовата градинка „Мајски Цвет” да се врши подготовка и достава на храна за децата во градинката „Мини Фини Буџетчиња” што е отворена од Министерството за финансии за згрижување на децата на нивните вработени.

Оваа услуга, како што соопшти Општината, се договори по претходно иницирана соработка меѓу Министерството за финансии и градинката „Мајски Цвет”. Договорот треба да се потпише најдоцна до 28 октомври 2019 година.

На седницата била дадена согласност на измената на Годишниот план за вработувања за 2019 и 2020 година на општинското основно училиште „ Петар Поп Арсов”, се одобрило изменувањето на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2019 година, а бил усвоен и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01 јануари 2019 година до 30 септември 2019 година.

На седницата советниците дале „виза” за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2019 година, а донеле и одлука за доделување на 200.000 денари финансиска поддршка за кошаркарскиот клуб „СПАРТА”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот