Мајкл Џордан повеќе не е мнозински сопственик на Шарлот хорнетс

фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Започна нова ера за НБА клубот Шарлот хорнетс, зголемувајќи ја надежта дека ќе се променат работите на подобро. Шарлот веќе седум години по ред не обезбедува место во плеј-офот, минатата сезона беше претпоследен по регуларниот дел во Источната конференција.

Гејб Плоткин и Рик Шнал во четвртокот официјално го добија мнозинскиот удел на Хорнетс од шесткратниот шампион во НБА, Мајкл Џордан, носејќи нови размислувања и идеи.

Плоткин рече дека тој и Шнал планираат да бидат „трпеливи“ сопственици на НБА, но тие се поттикнати да изградат победник во Шарлот.

– Наша работа е да произведуваме победничка кошарка. Победата бара многу структура и тоа не се случува преку ноќ. Ќе се обидеме да го позиционираме бизнисот за успех на долг рок и ќе се обидеме да носиме паметни одлуки – рече Плоткин.

Плоткин рече дека ќе се фокусира на аналитиката, развојот на играчи, стратегијата и спортските перформанси. Во блиска иднина ќе има и реновирана арена и најсовремен објект за вежбање, за кои Плоткин верува дека ќе помогнат во развојот и привлекувањето играчи, и дека на крајот ќе значат повеќе победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот