Магдевски си замина од МЗТ Скопје, ќе игра во Романија

Фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски во следната сезона ќе игра во романскиот шампионат откако ги договори сите детали за соработка со екипата на Плоешти. Тимот на Плоешти минатата сезона обезбеди пласман во првата романска лига.

Магдевски минатата сезона беше еден од најдобрите кошаркари на МЗТ Скопје кој ја освои двојната круна во домашниот шампионат. Одличната форма во финишот, Магдевски ја потврди со признанието за МВП на финалето во плеј-офот каде „металците“ го совладаа Еуро Никел.

Ова ќе биде трет пат Магдевски да игра во странство, тој уште во младинските категории се пресели во Реал Мадрид, а потоа го носеше дресот и на Партизан по што се врати во Македонија каде играше за Фени Индустри, Гостивар и МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот