Фото: AP

Магдебург: Напаѓачот-доктор кој со автомобилот косеше се пред себе уби четири луѓе

Во нападот во Магдебург, Германија кога автомобил покоси многу луѓе на отворениот божиќен пазар, загинале најмалку четири лица, а биле повредени најмалку 60 други, објавија светските медиуми.

Возачот бил уапсен на местото за кратко време откако автомобилот влегол на пазарот околу 19 часот, кога бил преполн со празнични купувачи кои го чекале викендот.

Потврдени снимки од минувачи дистрибуирани од германската новинска агенција ДПА покажале дека осомничениот се предава. Тој стоел на тротоарот на средина на патот и ги кренал рацете пред да легне и да чека вооружените полицајци да го притворат.

Првите двајца потврдени мртви биле возрасен и детенце, но официјалните лица изјавиле дека дополнителни смртни случаи не можат да бидат исклучени, бидејќи 15 луѓе биле сериозно повредени. Германските медиуми во сабота наутро објавиле дека бројот на жртвите се искачил на четири.

Насилството го шокираше градот, доведувајќи го градоначалникот до работ на солзи и расипувајќи го празничниот настан.

Осомничениот е 50-годишен саудиски доктор кој се преселил во Германија во 2006 година, изјавила на прес-конференција Тамара Цишанг, министерот за внатрешни работи на покраината Саксонија-Анхалт. Тој практикувал медицина во Бернбург, околу 40 километри јужно од Магдебург, рекла таа.

“Како што стојат работите, тој е осамен сторител, така што колку што знаеме нема понатамошна опасност за градот”, изјавил гувернерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф. “Секој човечки живот која е жртва на овој напад е ужасна трагедија, а еден човечки живот е премногу”.

Насилството се случило во Магдебург, град со околу 240.000 луѓе западно од Берлин, кој служи како главен град на Саксонија-Анхалт. Нападот се случил осум години откако исламски екстремист влегол со камион во преполниот божиќен пазар во Берлин, убивајќи 13 луѓе и повредувајќи многу други. Напаѓачот бил убиен неколку дена подоцна во престрелка во Италија.

Божиќните пазари се огромен дел од германската култура како годишна празнична традиција.

Жителка на Магдебург Дорин Штефен изјавила дека била на концерт во блиската црква кога ги слушнала сирените. Какофонијата беше толку гласна “мораше да претпоставиш дека се случило нешто ужасно”.

Таа го нарекла нападот “темен ден” за градот.

“Ние се тресеме”, рече Стефен. “Полни со сочувство за роднините, исто така со надеж дека ништо не им се случило на нашите роднини, пријатели и познаници”.

Канцеларот Ојаф Шолц објави на X: “Моите мисли се со жртвите и нивните роднини. Ние стоиме до нив и до луѓето од Магдебург”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот