Mаестро Гаџиев со концерт на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето” продолжува со вечерашниот концерт на пијанистот Александар Гаџиев.

Александар Гаџиев потекнува од семејство на музичари, неговите родители се професори по пијано. Роден е во Гориција во Италија, природен крстопат на бројни култури и јазици и уште од детството е задоен со квалитетите на централно-европската култура и поднебје. Пијано започнува да учи под менторство на неговиот татко, познат руски професор, и првиот настап со оркестар го има на девет годишна возраст, а солистички рецитал остварува уште на десет години.

Во 2013 година настапува на 30. јубилеен натпревар „Премио Венеција”, и во конкуренција на најдобрите млади пијанисти од Италија го освојува првото место. Победата му овозможува бројни рецитали низ Италија но и во Лондон, Париз, Мадрид, Даблин.

Прочитајте и...  Протест во Белград, демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент (ВИДЕО)

Само две години подоцна победува и на престижниот натпревар Хамаматсу во Јапонија, како и наградата од публиката по што е редовно канет концертно да настапува во Јапонија, и на значајни фестивали како фестивалот Вербие, „МиТо” фестивалот во Торино, „Шопен” фестивалот во Душники, Интернационалниот фестивал „КлавиКелн” во Дизелдорф, фестивалите во Кордоба, Љубљана, Болоња, Виченца, Париз, Равена и фестивалот за камерна музика во Салцбург.

Во октомври 2018 година Гаџиев само го потврдува своето место на интернационалната музичка сцена победувајќи на натпреварот за пијанисти во Монте Карло на кој шанса да се натпреваруваат имаат само лауреати на светски натпревари. Претседателот на жирито Филип Ентремонт му ја доделува наградата „Принц Рение III” која му обезбедува бројни концерти во Франција и низ Европа.

Прочитајте и...  Kонститутивната седница на српскиот Парламент

Гаџиев настапувал во некои од најзначајните концертни сали во Италија, но и во Токио, Осака, Сапоро, Париз, Москва, Солт Лејк Сити, Истанбул, Барселона, и со оркестри како Симфонискиот оркестар во Токио, оркестрите во Кјото и Нагоја, Прашкиот симфониски оркестар, Оркестарот во Ерусалим, како и оркестарот на Централна Европа. Имал привилегија да соработува со исклучителни диригентски имиња како што се: Јуриј Темирканов, Казуки Јамада, Марек Пијаровски, Антон Нанут, Ен Шао, Џанлука Мартиненги, Тицијано Северини и многу други.

Неговото следно снимено издание со наслов „Литературни фантазии” ќе биде објавено во септември и содржи дела од Шуман и Лист.

Александар Гаџиев моментно студира со Павел Гилилов на престижната академија „Моцартеум” во Салцбург, а се усовршува на мајсторски курсеви на Епан Пијано Академијата и на академијата која е дел од фестивалот Вербие во Швајцарија.

Прочитајте и...  Британската Влада ќе субвенционира посети на ресторани

Кoнцертот на маестро Гаџиев ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија” со почеток од 21 часот.

Прочитај повеќе

Задолжителна маска и на палубите на бродовите и траектите во Грција

Слободен печат

Три смртни случаи, 74 новозаболени од Ковид-19 и 90 оздравени пациенти

Слободен печат

Британската Влада ќе субвенционира посети на ресторани

Слободен печат

Дваесет и шести ден од антивладините протести во Бугарија

Слободен печат

Струјата ги запали социјалните мрежи

Весна Дамчевска

Уништени канделабри во скопски Аеродром (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Уште тројца млади на возраст од 19 и 22 години заболени од Ковид-19 во Кавадарци

Слободен печат

Евакуирани жителите од околината на Мадрид поради пожар

Слободен печат

Мал авион падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес

Миа Агенција

Протест во Белград, демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент (ВИДЕО)

Слободен печат

Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината

Слободен печат

Џафери ја напушта Инфективна, ќе ја води конститутивната седница

Слободен печат