Мадона го режира својот биографски филм: Морав да ги земам работите во свои раце

мадона
Мадона / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мадона е една од најуспешните ѕвезди во светот и зад себеси има многубројни хитови и брилијантна кариера за која може да се зборува многу. Оттука и не е чудо што таа сè уште ја чека долгогодишната адаптација на нејзината животна приказна која би требало да ја видиме на големото платно. А сега поп иконата откри и зошто инсистирала да ги преземе работите во свои раце за планираниот филм.

„Имав извонреден живот, морам да снимам извонреден филм. Тоа беше и превентивен удар затоа што многу луѓе се обидуваа да снимаат филмови за мене. Претежно мажи полни со женомрзие. Затоа ја ставив ногата на вратата и реков: Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна“, изјави Мадона за „Variety“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Што се однесува до тоа кој ќе ја игра Мадона во филмот, допрва треба да биде објавено официјално соопштение, иако гласините дека актерката Џулија Гарнер е вмешана во приказната се сè погласни, особено откако Мадона ја заследи на „Инстаграм“. Но, претставниците на Мадона засега не ги коментираат гласините и актерската екипа ја чуваат во строга тајност.

Познато е и дека актерката на „Uncut Gems“, Џулија Фокс, се сретнала со Мадона за да разговараат за потенцијалната улога во филмот, односно да ја толкува долгогодишната пријателка на Мадона, Деби Мазар.

Мадона работи на филмот со години, првично со оскаровката Диабло Коди која ѝ помогнала во сценариото. На проектот во септември 2020 година се приклучија и „Universal Pictures“ и продуцентката Ејми Паскал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Според Мадона поголемиот дел од филмот ќе ја детализира нејзината „борба како уметник кој се обидува да преживее во машкиот свет како жена“, која таа ја нарече „среќна, тажна, луда, добра, лоша и грда“ приказна.

Во неколку објави на социјалните мрежи во текот на изминативе две години, Мадона и Коди открија дека работеле да ги вклучат нејзините искуства како уметник во подем во Њујорк, која подоцна ќе ја напише „Like a Prayer“, ќе глуми во „Evita“ и ќе создаде посебна релација со танчерот Хозе Гутиерез Екстраваганза и Луис Камачо, кои ја инспирирале и придонеле за успехот на нејзиниот мега хит „Vogue“ во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот