Љутков: МВР мора да ги пронајде сторителите на вандалскиот чин и да ги казни (ВИДЕО)

Целата македонска јавност е згрозена од синоќешниот вандализам и поганење на македонскиот народен театар. Болно е за Заев и неговите соработници тоа што со секој изминат ден се повеќе се гледа нивната неспособност нешто да изградат, но недозволиво е заради тоа да сквернават се што некој друг пред нив изградил, рече на денешната прес-конференција Зоран Љутков од ВМРО=ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ. Снимката која излезе во јавноста, а од која се гледа како се оштетува имотот на МНТ е срамна и доказ дека со оваа власт е пробиено дно. МНТ е институција за одржување на театарски претстави и културни собири, а не сцена за дивеење на навивачки групи- рече Љутков.

Директорот на МНТ мора да одговори како можел да дозволи изнајмување на театарот на навивачка група, вели Љутков од ВМРО-ДПМНЕ, и по кој основ е издаден театарот, колку е платено за неговото издавање и руинирање, и дали воопшто е платено?

-Како може да се издава театарот само со јавување на телефон, па нели има правилник и процедура за тоа, и на крај кој ќе сноси одговорност и кој ќе ја плати штетата? И зошто никој од обезбедувањето не реагира кога поединци почнаа да дивеат и да се качуваат по седиштата- прашува Љутков.

– До каде оди лудилото на оваа власт!? Одговорност мора да има и од заменик министерот за култура, министерот за култура, националниот координатор за култура, како и советниците за култура на Зоран Заев. Со овие луѓе на чело, културата одамна е пропадната. На местото каде во петокот вечерта се дивееше големите имиња на македонскиот театар поминуваат часови, денови и месеци во проби и претстави. Творат и работат. Ова е потценување и понижување и на нивниот труд.

МВР мора најбрзо да ги пронајде сторителите на вандалскиот чин и да ги казни согласно законот, рече Љутков.

-Се друго ќе биде само потврда дека овој вандалски чин е свесно организиран.И за едно сте во право господине премиер, манифестацијата и не била баш културна- истакна Љутков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот