Лула подготвен да посредува меѓу Русија и Украина

Лула да Силва/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Претседателот на Бразил, Лула да Силва, изјави дека е подготвен да посредува меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, доколку е потребно.

– Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Ако е неопходно да бидам посредник во мировните преговори меѓу Путин и Зеленски, нема проблем, рече Лула на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Претседателот на Бразил рече дека е неопходно „да се соберат луѓе кои поради нивното влијание ќе бидат почитувани на преговарачката маса и да се вклучат” во преговарачкиот процес.

Лула да Силва предложи мировните преговори за Украина да се одржат во широк меѓународен формат кој потсетува на групата Г20.

Бразилскиот претседател рече дека за овој предлог веќе разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој информира дека овој предлог ќе го спомене и кога ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во февруари и со кинескиот претседател Си Џинпинг во март.

Во исто време, тој рече дека Бразил нема да испорачува муниција за борбените тенкови Леопард што Германија неодамна и ги вети на Украина.

Лула рече дека Бразил, исто така, нема да обезбеди муниција за тенковите Гепард за воздушна одбрана што Берлин веќе ги испрати во Украина.

– Бразил не е заинтересиран да прати муниција што ќе се користи во војната меѓу Украина и Русија, рече Лула на заедничката прес-конференција со Шолц.

– Бразил е земја на мирот. И затоа Бразил не сака никакво учество во оваа војна, ниту индиректно, рече бразилскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот