Луѓето со неверување гледаа во Бред Пит на доделувањето на Златниот глобус: Дали е можно да изгледа вака? (ФОТО)

профимедиа

Бред Пит се појави на овогодишното доделување на Златниот глобус, а луѓето се шокирани од неговиот изглед.

Бред Пит, 56-годишниот холивудски актер предизвика воодушевување и чудење со својата појава која, како што забележуваат фановите, не е ништо поразлична од онаа во 1991 година кога Пит ѝ стана познат на пошироката јавност.

профимедиа

Фотографиите набрзо започнаа да се шират по социјалните мрежи, а луѓето се прашуваат дали е можно човек на 56 години да изгледа како Бред Пит.

профимедиа

„Изгледа речиси доволно младо и за Леонардо Ди Каприо”, се шегуваа корисниците на Твитер, алудирајќи на опсесијата на Лео со манекенките помлади од 26 години.

профимедиа
профимедиа

„Дали е вампир?!”, „Тој е Бенџамин Батон во реалниот живот. За него времето е застанато”, се само дел од коментарите за изгледот на холивудскиот убавец.

Се споредуваат фотографии од неговото прво доделување на Златниот глобус со фотографиите од оваа година и луѓето велат дека практично нема никаква разлика.

Но, главното прашање е – како Бред успева да го одржи својот младешки изглед? Додека едни велат дека станува збор за добра генетика, други се сомневаат дека тој вложил голема сума на пари за да изгледа како што изгледа. Што мислите вие?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот