Лучано Спалети е новиот селектор на Италија и ќе дебитира против Македонија

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Како што и се најавуваше, тоа сега доби и потврда, италијанската фудбалска федерација објави дека нов селектор на најдобрата репрезентација на Италија ќе биде Лучано Спалети.

Станува збор за поранешниот тренер на Наполи на нашиот Елиф Елмас со кој успеа лани да ја освои титулата во Серија А.

Дебито како селектор на Италија ќе го има на 9 септември во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ против Македонија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.

Обврските со националниот тим Спалети ќе ги стартува од 1 септември, а потоа ќе следи и неговата официјална промоција на репрезентативниот тренинг камп.

– Му посакуваме добредојде на Спалети. На националниот тим му требаше одличен тренер и многу сум среќен што тој прифати да биде селектор на „аѕурите“. Неговиот ентузијазам и стручност ќе бидат клучни за предизвиците што ја чекаат Италија во наредните месеци – рече претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот