Љубовна приказна која ќе ве воодушеви: Кристијано ја запознал Георгина како продавчка, а останатото е историја… (ФОТО)

инстаграм

На младата асистентка за продажба во продавница на брендот „Гучи“, Георгина Родригез дефинитивно ѝ падна секирата во мед, што би се рекло, кога на една забава првпат го сретната славниот фудбалер Кристијано Роналдо.

Таму се сретнале и запознале, а останатото е сега веќе историја…

Денес, 26-годишната Георгина ужива во луксузниот живот што ѝ го обезбедил популарниот фудбалер, особено откако на свет ја донесе нивната заедничка ќерка Алана (3).

инстаграм

– Прво се запознавме додека работев во ‘Гучи’ како асистент за продажба. Неколку дена подоцна, се запознавме на настан од друг бренд и само тогаш можевме да разговараме во опуштена атмосфера, надвор од моето деловно опкружување. Тоа беше љубов на прв поглед за двајцата“, раскажа неодамна Георгина за италијанските медиуми.

Самиот Роналдо неодамна во интервју изјави дека е подготвен да се ожени со Георгина еден ден.

– Ќе се венчаме еден ден, сигурно. Тоа е сон на мајка ми … Значи, еден ден. Зошто да не!Таа е одлична, мој е пријател, разговараме. Ѝ го отворив моето срце и таа ми го отвори своето срце“, рече Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот