ЛШ: Лазаров и Нант го покорија Кил, Манасков рутински со Загреб!

фото: твитер/HBCNantes

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров двапати се запиша во листата на стрелците во гостинската победа на францускиот клуб Нант (27:35) денеска против Кил.

Ова е прва победа на Нант оваа сезона во Лигата на шампионите, за која најмногу придонесе Ривера со девет голови. На спротивната страна за германскиот гигант по четири голови имаа Сагонсен и Пекелер.

Во истата група „Б“ Веспрем дојде до вториот триумф откако убедливо со 37:25 го декласираше ППД Загреб.

За унгарската екипа настапи нашето лево крило Дејан Манасков кој реализираше три голови.

Кај неговите тимски колеги Ненадиќ имаше седум голови, а шест Египќанецот Омар. За хрватскиот претставник најрасположен беше Хрстиќ со шест погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот