Љубовната приказна на пејачката и политичарот: Ана Бекута скршена од болка се огласи по смртта на Милутин Мркоњиќ

Фото: Инстаграм

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ почина вчера во Белград во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.

Како што претходно објавија медиумите, Мркоњиќ од болничката постела ја заколнал Ана Бекута дека ако тој умре таа нема да престане да пее.

Ана Бекута за српските медиуми раскажала колку е тажна и скршена поради губитокот на саканата личност.

Ана Бекута сега проговорила за првпат по смртта на нејзиниот партнер, а зборовите се срцепарателни:

– Замина мојот Милутин. Ве молам сите да ме разберете во оваа болка што нема да се огласувам – кратко и јасно порачала Бекута.

Пејачката скршена од болка била покрај него до последниот момент и секојдневно го посетувала на клиниката.

Бекута и Мркоњиќ беа во врска 10 години.

Мркоњиќ беше во брак со сопругата Драгана од која официјално никогаш не се разведе.

„Веднаш станав свесна дека тој е човекот на мојот живот. Не на првата, туку на нашата втора средба. Тоа беше приватна седенка и беше присутен покојниот Бата Живојиновиќ, во тоа време договораа да ја објават неговата книга. Мојот пријател свиреше за нив и ме покани. Кога таму седи господинот Мркоњиќ, кој веднаш скокна од столчето, нѐ послужи и таа вечер на дружењето, сѐ ми стана јасно“, изјавила Ана претходно за „Ало“.

Иако релативно доцна се запознале и се вљубиле, Бекута во една прилика изјавила дека нејзината љубовта дошла кога била подготвена за тоа.

„Вистинскиот човек се појавува кога си подготвен за тоа, кога ќе се засакаш себеси. Јас навистина чекав, првата половина од животот ми помина во потрага. Кога се запознавме, јас имав 52 години, тој речиси 70. Но, да се сретневме порано, можеби немаше да се препознаеме. Не е баш дека знаеме што е љубов во дваесетите и триесеттите… Дури подоцна го сфаќаме тоа, кога со мудроста и искуството ќе се постават некои вредности на своето место“.

Иако поминаа десет години заедно, никогаш не планирале венчавка.

„Не планирам да се мажам, не сум луд. Сакам да бидам слободна, а меѓу нас постои доверба од самиот почеток. Бракот и онака не би променил ништо“, изјавила неодамна Ана Бекута.

Пејачката и политичарот најмногу уживале слободното време да го поминуваат во заедничкиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот