Лилард го водеше Портланд до триумф над ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Портланд направи изненадување и славеше против Лос Анџелес Лејкерс (100:93) и поведе со 1:0 на почетокот од плеј-оф серијата во НБА лигата.

Ова беше удар и за една од најголемите ѕвезди во Дизниленд, Леброн Џејмс кој стана првиот играч во историјата на плеј-офот кој имаше „трипл-дабл“ учинок со над 20 поени, 15 скокови и 15 асистенции.

„Кралот“ во редовите на „езерџиите“ го заврши натпреварот со 23 поени, 17 скокови и 16 асистенции, а по бројот на поени подобар од него беше само Ентони Дејвис (28).

Портланд, кој беше во предност во поголемиот дел од мечот, а со одлична партија во финишот беше предводен од Демиен Лилард. Лејкерси направија пресврт во последната четвртина, но се исплати упорноста на Блејзерси.

Најдобар во победничкиот тим беше Лилард со 34 поени, го следеше МекКолум со 21 поен, а Босанецот Нуркиќ постигна 16 поени и 15 скокови.

НБА плеј-оф, резултати –

(0:1) Индијана Пејсерс-Мајами Хит 101:113
(1:0) Хјустон Рокетс-Оклахома Сити Тандер 123:108
(0:1) Лос Анџелес Лејкерс-Портланд Трејл Блејзерс 93:100

Орландо и Вучевиќ го изненадија фаворизираниот Милвоки на стартот од плеј-офот (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот