Лига куп: Тотенхем без борба си закажа дуел со Челси!

Во борба за топка Деле Али (Тотенхем) и Антонио Павиќ (Шкендија)/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Играчите предводени од Жозе Мурињо без борба се пласираше во четвртото коло од Лига купот, откако организаторите одлучија дека Лејтон Ориент не може да го игра натпреварот од третата рунда поради големиот број на позитивни случаи на коронавирус.

После вчерашниот триумф во Скопје против Шкендија во рамките од квалификациите за Лига Европа, Тотенхем дозна денеска дека си закажа осминафинален дуел со Челси, екс клубот на Мурињо.

– Во рамките со правилникот, Тотенхем се пласираше во четвртото коло од Лига купот и ќе игра против Челси во вторник на 29 септември. Дуелот помеѓу Тотенхем и Лејтон не можеше да се одржуи, откако бројни играчи на Лејтон Ориент беа позитивни на коронавирус – се вели во соопштението на ЕФЛ.

Беше планирано овие две екипи да играат во вторникот, но беше одложен поради позитивните резултати на тестовите на коронавирус во клубот кој се натпреварува во втората англиска лига.

Лига куп

Осминафинале, двојки –

Тотенхем-Челси
Њупорт каунти-Њукасл
Барнли-Манчестер Сити
Брајтон-Манчестер Јунајтед
Евертон-Вест Хем
Брентфорд-Фулам
Астон Вила-Стоук Сити
Ливерпул-Арсенал

Мурињо како сокол во Скопје, нешто не е во ред со голот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот